Хронично болните да внимаваат на променливото време
27.03.2014 14:47
| KumanovoNews
Променливото време им штети на астматичарите, срцевоболните, реуматичарите и затоа лекарите им советуваат редовно да ја земаат препишаната терапијата.
Во март е нормално да имаме облачно, па сончево време со промени на температурата. Астматичарите се гушат при вакво време. Хроничноболните треба да ја примаат терапијата и да бидат во контакт со матичниот лекар. И кај здравите луѓе при вакво време се јавува главоболка - вели лекар од Брза помош.
На граѓаните кои имаат проблеми со желудникот им советуваат во пролет да не прескокнуваат оброци, да јадат повеќепати во помали количини за да избегнат појава на киселини.