Хрватски и кумановски моторџии ќе помагаат на “Порака наша“
08.08.2013 15:13
| KumanovoNews
Моторџии од Хрватска заедно со колегите од кумановскиот клуб “Мечки“ најавија помош за лицата со попреченост во центарот “Порака наша“.
Се оддржа мини средба на која присуствуваа и претставници од Општината Куманово. Моторџиите изразија желба да ни помогнат и ние потенциравме дека ни треба опрема, пред се компјутери кои ќе бидат корисни за децата. Пред извесно време ни се расипа шпорет и еден од локалните донатори отиде и ни купи нов шпорет - вели Татјана Арсовска, секретар во “Порака наша“.
Поради годишните одмори бројот на деца кои ја посетуваат “Порака наша“ е намален и дневно во нивните простории доаѓаат по 12-тина деца.