Мени

Хулки Муради со фото презентација во Куманово

07.11.2013 14:17 | KumanovoNews

Во просториите на Фото Кино Клуб “Козјак“ утре фото-презентација ќе оддржи турскиот фотограф Хулки Муради.

Хулки Муради со фото презентација во Куманово

Муради е претседател на фотографски клуб во градот Мерсин, Турција.

Пред нашите членови, но и пред сите заинтересирани тој ќе презентира три негови фото шоуа со 300 фотографии. Потоа ќе следи дискусија за уметничка фотографија и ќе се потпише договор за соработка со Мерсин - вели Владимир Јовановски, претседател на ФКК“Козјак“.

Како дел од оваа соработка се планира и размена на фотографи во иднина.