Хуманитарен базар за жртвите на семејно насилство
04.12.2013 09:35
| KumanovoNews
Хуманитарен базар за помош на жртвите на семејно насилство ќе се оддржи денеска на Градскиот плоштад од 12 до 14 часот.
На базарот ќе се продаваат прехранбени производи и други предмети обезбедени од донации од бизнис секторот и изработени од членките невладините организации. Собраните средства ќе бидат донирани за жените и децата жртви на семејно насилство. Хуманитарниот базар се организира во рамки на кампањата 16 дена активизам за борба против семејно насилство.
Организатори се Женски центар “Жена на 21 век“ и Локалниот совет за превенција на семејно насилство во Општина Куманово.