Хуманитарен концерт “Мото рок фест“
29.05.2014 13:14
| KumanovoNews
На Спомен костурница утре и задутре ќе се оддржи хуманитарниот концерт “Мото рок фест“ во организација на мото клуб “Мечки“.
Утре ќе настапат бендовите “Хроматик поинт“ од Скопје, “Оверлоуд“ од Куманово, “Њу дил“ од Бор, Србија и “Кросроуд блус бенд“ од Прилеп.
Во сабота ќе настапат бендовите „ЕП10“ од Куманово, “Виктимс од чејнџис“ од Скопје и Дани.
Почетокот е утре во 12 часот, а организаторите ветуваат добра забава и ефтино пиво.