Хуманитарен концерт за Порака наша
01.09.2011 10:41
| KumanovoNews
Вечерва во 21.30 часот во клубот Версај ќе се одржи хуманитарен концер за помош на децата со интелектуална попреченост сместени во центарот Порака Наша.
На концертот ќе настапат Ѓоко Таневски, Влатко Лозановски, Алексанадар Белов, Кристијан Идол, Орхидеја Дуковска, Чапај, Евгенија Чанчалова, Боби Серафимовски, Маргица Антевска, балетското студи Мак, Браво бенд, диџеј Мимчо и други.
Концертот го организира сопственикот на клубот Версај. Влезницата чини 100 денари.