Ифтар на градскиот плоштад
17.07.2014 07:55
| KumanovoNews
На градскиот плоштад Куманово, утре ќе се одржи бајрамски ифтар.
Заедничката вечера е во организација на општина Куманово и Младински Исламски Форум.
Вечерата ќе започне во 20 часот и 13 минути. Ден подоцна ќе биде одбележана манифестацијата ноќ на Куранот, а ќе се одржат и други културни и забавни активности, по повод празникот Рамазан Бајрам- велат од општината Куманово.
Активностите завршуваат на 27 јули со бајрамски концерт на Градскиот плоштад.