Мени

“Игри без граници“ за децата со посебни потреби

25.01.2013 10:48 | KumanovoNews

 Сспортската сала на ОУ “Браќа Миладиновци“, денеска се оддржаа “Игри без граници“ во кои беа вклучени учениците од посебните паралелки од училиштето и членовите од “Порака наша“.

“Игри без граници“ за децата со посебни потреби

Ова е првпат децата со интелектуална попреченост да се вклучат во ваков спортски настан.

 Јас сум десеминатор и одлучивме да направиме нешто од спортот за спортот. Ќе бидат опфатени сите училишта, но сакавме и оваа категорија да ја вклучиме. Ќе биде интересно. Децата ќе се дружат, ќе се забавуваат и ќе спортуваат. Ќе имаат физичка активност, знаеме дека тоа е добро за здравје. Од “Порака наша“ има 15 учесници, а ОУ “Брака Миладиновци“ има 28 деца. Има носење на книга, скокање на хулахоп, местење на медицинки и редење - рече Марија Јовановска, лидер на Клуб на млади во Црвен Крст.

Слични манифестации треба да се спроведат и во останатите градови во Македонија.