Мени

“Игри без граници“ за децата со пречки во развој

22.02.2013 09:32 | KumanovoNews

 Црвен Крст вчера организираше “Игри без граници“ за децата со посебни потреби.

“Игри без граници“ за децата со пречки во развој

 Денеска реализиравме „Игри без граници„ со лица со интелектуална попреченост до 18 години во просториите на Дневниот центар кај Чик. Игрите се состоеа во протнување низ обрачи, држење рамнотежа со книга, играње кош. Во овој проект учествуваа 15 лица со интелектуална попреченост и 10 волонтери од ПХВ тимот. Оваа активност имаше натпреварувачки карактер и ќе настојуваме ваквото дружење да стане традиционално - изјави Марија Јовановска, лидер на млади во Црвен Крст.

Слични проекти за промоција на хумани вредности ќе бидат спроведени во основните, средните училишта и во спортските клубови во градот. Вакви проекти ќе има во сите 34 општински организации на Црвен Крст низ Македонија.