Мени

Илиќ: Бадник ќе биде достоинствено одбележан

30.12.2013 15:20 | KumanovoNews

Здружението “Коледари“ е во завршна фаза со подготовките за прослава на Бадник.

Илиќ: Бадник ќе биде достоинствено одбележан

Кумот Горан Илиќ, еден од организаторите на оваа манифестација, најавува сериозно и достоинствено одбележување на празникот.

Денеска кога е многу тешко во оваа општа модернизација да се сочува нешто што е исконско и вековито. Ние како организација “Коледари“ - чувари на традицијата, се залагаме за такви работи кои сите нас не грејат и не прават похумани. Кога си помлад мислиш дека се што е на Запад е квалитетно и добро. Тоа е навистина добро спакувано и добро изгледа на прв поглед. Арно ама кога ќе влезеш во суштината на тој глобален, западен систем, кој ни го наметнуваат, ќе видиш дека тоа е празно и е далеку од она што ние го имаме како вредност и наше богатство. Ова за мене е навистина голема чест и задоволство и тоа достојно ќе го претставам. Дома имаме разговори, правиме стратегија како тоа ќе биде и на некој начин сме преокупирани со тоа- вели Илиќ.

Како и претходните години “Коледари“ на 6 јануари на Градскиот плоштад ќе одат во црква каде ќе биде предедно кумството, а потоа на Грдскиот плоштад ќе се поделат бадникови гранчиња и топла ракија за сите посетители.