Мени

Илинденска честитка од Дамјановски

02.08.2011 07:24 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод двата најголеми празника на македонскиот народ.

Илинденска честитка од Дамјановски

„Во име на локалната самоуправа и во мое лично име, како прв човек на градот, на сите граѓани на Куманово, им ги честитам најсветлите датуми во македонската историја Илинден 1903 и АСНОМ 1944. Со илинденското востание во Македонија се буди националната свест кај македонскиот народ и чувството за државност на Република Македонија, а на вториот Илинден е остварен вековниот сон за создавање на сопствена држава. Нека периодот пред нас донесе просперитет, среќа и прогрес на граѓаните и државата. Со влегување на Македонија во европското семејство и во НАТО алијансата, и со решавање на спорот со името, се недевам дека наскоро во Македонија ќе се отвори можност не само на политички, туку и економски просперитет на граѓаните. Среќен Илинден и за многу години Кумановци!„