Инфо ден за ЛИДЕР програма за кумановски микрорегион
14.05.2014 08:00
| KumanovoNews
Инфо ден за ЛИДЕР програмата ќе биде организиран на 26 мај во комитет за граѓани од кумановскиот микрорегион кој ги опфаќа Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Повикани се земјоделци, невладини организации, бизнис сектор, младински здруженија и на нив ќе им се објасни што нуди ЛИДЕР програмата и како да се регистрираат локални акциони групи.
Вакви Инфо денови ќе бидат организирани и во другите општини во североисточниот плански регион.