Информативни предавања во четири села
29.07.2013 10:14
| KumanovoNews
Вработени од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјодеството утре ќе оддржат предавања во селата Облавце, Руѓинце, Стрезовце и Сув Ора.
Ќе ги запознаеме со ИПАРД програмата, националната програма и новата метода добра земјоделска пракса. Ќе се информираме за жетвата и дали се задоволни од откупот. Овие села се од разбиен тип со мал број на жители, но сепак треба да бидат запознаени - вели Живка Наумова, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Вакви предавања се оддржани во повеќето кумановски села во соработка со месните заедници.