Инспекција ќе ги отстранува времените бараки
11.01.2013 15:36
| KumanovoNews
Од секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, најавуваат дека наскоро ќе отпочнат со отстранување на времените бараки низ центарот на градот, заради изградба на нови објекти.
Такви бараки има кај болницата, на “ Трета МУБ“, улицата зад Центарот за култура и други локации во центарот. Тие ќе бидат отстранети заради реализација на урбанистичкиот план.Ќе се градат згради. Вакви акции се прават по потреба. Луѓето се бунат, но урбанистичкиот план е пред се. Со програма не е предвидено Општина Куманово да има времени бараки - вели Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор.
Таа објаснува дека за бараките до 2005 година се плаќало закуп.