Интегрална евалуација во “Кочо Рацин“
25.02.2014 13:27
| KumanovoNews
Во основното училиште “Кочо Рацин“ денеска и утре инспектори од Државен просветен инспекторат спроведуваат интегрален увид на работата во училиштето.
Ваква евалуација се прави во сите училишта еднаш на три години.
Инспекторите работат со наставници, совет на родители, училишен одбор. Се прави евалуација на достигнувањата и резултатите за три години. Се следи настава на час, тематските подготовки, административниот дел, редот, дисциплината, хигиената во училиштето - вели директорот Драгиша Цветковиќ.
Во текот на интегралната евалуација се следи опременоста на училниците, училиштето како и досиеата на вработените.