Исчистени коритата на реките што предизвикаа поплави
08.02.2011 08:57
| KumanovoNews
Водостопанство „Кумановско-липковско поле„, заврши со чистењето на реките Петрошница, Живуша и Крива река, што пред неколку месеци се излејаа и ги поплавија селата Довезенце и Бељаковце.
Екипи со механизација работеа на Крива река на три локации, и тоа во селото Бељаковце е саниран пристапот до мостот, а направени се бедеми на коритото во селата Јачинце и Довезенце. Истовремено во општината Липково, завршена е делницата на реката Слупчанка- вели директорот Дејан Божиновски.
Со овие активности претпријатието ги завршило обврските предвидени со Акциониот план за чистење на речните корита за 2010 година. Проверка на сработеното извршило Кординативно тело за спроведување на Акционите планови на Владата, при што дало позитивни оценки.