Изберени најдобрите икебани од свежо цвеќе
Љиљана Бојковска, Даниела Јачевска и Деа Паневска, ги освојиа првите места во аранжирање на цвеќе на манифестацијата по повод христијанскиот празник Цветници што ја организираше невладината организација Кумановка.
Се натперваруваа 13 учеснички од кои 6 млади жени, а 7 ученици со нивните ментори од основните училишта во градот.
Бројот на учесничките беше одреден по годините на одржувањето на нашата манифестација, значи по тринаесети пат се среќаваме на ова место и на овој преубав ден. Денот е посветен на цвеќето, и учесничките дадоа се од себе и изработија прекрасни цветни аранжмани- рече Виолета Петровска, претседателка на Кумановка.
Победничките ги бираше публиката, кои од спонзорите добија вредни награди.
Во програмата учествуваа деца од градинката „Ангел Шајче„ и хорчето Виножито. На крајот икебаните беа поделени на луѓето и организациите кои ја помогнаа манифестацијата. Покровител е Советот и Локалната самоуправа.
