Мени

Избор на Зимска убавица во клуб Фанстастико

18.02.2014 13:42 | KumanovoNews

Во петок во клуб Фанстастико за прв пат ќе се одржи избор на зимска убавица за 2014 година.

Избор на Зимска убавица во клуб Фанстастико

Полуфиналната вечер започнува во 22 часот во организација на Клуб Фанстастико заедно со Модното Студио Шанел од Битола.

Во борбата за избор на зимска убавица за 2014 година учество земаат вкупно 10 девојки од целата држава, членови на модното студио Шанел.

Во сабота клуб Фанстастико Ве покануваат на голема забава со балканската дива Слаѓа Делибашиќ придружувана со две гого танчерки.

Картите се пуштени во предпродажба по цена од 100,150 и 200 денари.