Мени

Изборните плакати ќе се лепат на 5 локации

27.03.2014 14:01 | KumanovoNews

Плакатите за промоција на политичките партии за престојните избори ќе се поставуваат на неколку локации во Куманово.

Изборните плакати ќе се лепат на 5 локации

Изборни плакати без надомест ќе се лепат на оградата на Зелениот пазар, во центар на градот спроти такси станицата кај Уред, на ѕидот на ЈП “Чистота и зеленило“ на улица “Доне Божинов“, на потпорен ѕид на улицата “Драган Стопаревиќ“ и кај скалите и на потпорниот ѕид на “Трета МУБ“.

Редоследот на поставување ќе се одреди откако ќе се изврши ждребање во ДИК и откако партиите ќе добијат редни броеви.

Изборни плакати може да се лепат на станбени згради и приватни објекти со согласност на сопственикот.

По завршување на изборите во рок од 30 дена плакатите на политичките партии треба да бидат отстранети.