Издадени 23 дозволи за собирање на шумски плодови
Граѓаните во пролет и лето во Козјачие најчесто берат чаеви и печурки.
Од почетокот на 2014 година Шумско стопанство Куманово има издадено 23 годишни дозволи за собирање на шумски плодови во шумите во кумановската околина.
Тоа се претежно луѓе кои живеат на село или имаат викендици. Тие земаат дозволи за да берат чаеви, врѓањ, лисичарка и други видови на печурки. Дел од нив ги продаваат шумските плодови, а дел ги користат за лична употреба. Дозволата е годишна и чини 400 денари. Без дозвола не смее да се собираат шумски плодови, бидејќи луѓето треба да знаат како да ги берат чаевите и печурките, да ги сечат стеблата на одредена височина, а не да ги искорнат и уништат - вели Радован Петрушевски, техничар во Шумско стопанство Куманово.
Во шумите граѓаните можат да берат боровинки, шумски јагоди, шумски јаболка, капини, а за берење на шумски плодови на диво следуваат високи казни.