Издадени 33 дозволи за градба по електронски пат
08.01.2014 10:25
| KumanovoNews
Општина Куманово лани електронски издала 33 дозволи за градба, повеќето на приватни лица, а дел и на фирми.
Од секторот за урбанизам објаснуваат дека лани се одбиени 8 барања за градба поради неисполнување на услови, а во процедура се уште 17 нови барања за градба.
Ако документацијата е комплетна и технички исправна се решава во пократок временски рок. За издавање на одобрение на градба се произнесуваат ЕВН, ЈП“Водовод“, ЈП“Куманово - гас“, Дирекција за заштита и спасување, а во некои случаи и МВР - вели Лидија Ланг, раководител на сектор за урбанизам.
Електронското издавање дозволи во Општина Куманово почна во последните неколку месеци од 2013 година.