Излезе конкурсот за упис во средните училишта
Во петте средни училишта во Куманово во прва година треба да се запишат 2384 ученици.
Во учебната 2013 / 2014 година во Гимназија “Гоце Делчев“ ќе се запишат 374 ученици во прва година во 11 паралелки, а за упис се потребни минимум 60 поени.
Во Гимназија “Сами Фрашери“ ќе бидат примерни 272 ученици, односно 8 паралелки на албански наставен јазик, а учениците треба да имаат 60 поени од успех.
Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ во прва година ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки од кои 10 се на македонски, а 4 на албански наставен јазик. Во ова училиште за упис се потребни најмалку 40 поени.
Во Средното општинско училиште “Перо Наков“ има 646 слободни места, или 19 паралелки од кои 10 ќе бидат на албански, а 9 на македонски наставен јазик. Во економско - правна и трговска струка ќе се запишат 442 ученици или 13 паралелки, со минимум 60 поени. Во текстилно - кожарска струка е предвидено да се запишат 204 ученици, во 6 паралелки со најмалку 45 поени.
Во Техничкото училиште “Наце Буѓони“ ќе се запишат 616 ученици во 19 паралелки, од кои 10 ќе бидат на албански, а 9 на македонски наставен јазик. Зависно од струките се бараат од 45 до 55 поени за упис.