Излезе најновиот број на списанието „Корени“
По завршениот 8 - ми по ред конкурс за Мартовски есеи излезе од печат најновиот број на списанието „Корени“.
Списанието содржи десет есеи од наградените автори Звонко Таневски, Лилјана Пантели Новаковиќ, Цонка Христова и Дејан Богојевиќ.
Освен наградените ги вметнавме и есеите на Јован Велески, Христо Петрески, Аго Хаурдич, Живко Карески Горноселец, Марта Радева и Слободан Беличански. Вообичаено и во овој број редакцијата се навраќа на значајните години од нашето бурно минато, стоте години од Букурешкиот мировен договор на Валетина Миронска Христевска насловен како “Природно право или политичка моќ“ - вели Димитар Масевски, уредник на „Корени“.
Европските автори Роберт Копер и Иван Крастев пишуваат опсервации за ЕУ и прават споредба со Советскиот сојуз.
Масевски пишува за територијалната организација на земјата од 2004 година, а Мира Стојковска за македонските политичари во транзицијата под наслов “Сите наши анѓели“.
Во книжениот мозаик има есеи од Александар Прокопиев, Марта Маркоска и Лидија Татаровска.
Во „Корени“ има навраќање на значајни имиња, автори и сликари, поранешни соработници на списанието кои веќе не се меѓу живите.
Објавена е поезија од авторите Иван Антоновски, Ѓорѓи Калајџиев, Верица Петровска, Дарка Георгиевска и Љубиша Петровски. Со проза во бројот 43 - 44 од „Корени“ се застапени Силвана Јованова и Марина Данаиловска.