Излезе спотот на Тајзи „Чувај ми га Боже“
20.02.2014 13:35
| KumanovoNews
Денеска на официјалниот профил на Тајзи излезе новиот видео запис за песната „Чувај ни га Боже“.
Големо фала за екипата која работеше на овој проект и за мојата екипа од Куманово. Ве сакам луѓе уште еднаш фала што ми дозволивте да кажам колку ми фали, и што значи другарство... - напиша Тајзи на својот официјален профил.
Песната е посветена на трагично починатиот Игор Гелиќ - Гешо, кој минатата година загина во сообраќајна несреќа.