Изложба на дела од струмичка ликовна колонија
30.09.2013 08:26
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 20 часот ќе биде отворена изложба со слики од Меѓународната струмичка ликовна колонија.
Колонијата се оддржа од 5 до 15 август годинава, а на неа учествуваа ликовни уметници од Македонија, Србија, Италија, Туција, Полска, Бугарија, Канада. Делата се работени во техника масло на платно, акрил на платно, комбинирана техника и слично.
Изложбата со дела од 50 - та по ред струмичка колонија се реализира во соработка со НУ Центар за култура “Антон Панов“ Струмица.