Изложба на икони на стакло на Ванѓа Радевска
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата со икони на стакло на авторката Ванѓа Радевска.
Радевска е родена во 1954 година во Доброшане, кумановско. Нејзиниот едукативен пат започна од Куманово, преку Скопје за да заврши во Букурешт, Романија каде што се здобива со титула доктор на психолошки науки. Од 2004 година започнува да работи посебна техника на сликање која што ја насловува како “везба на стакло“ и оваа техника беше наградена на Интернационалниот фестивал “Ијаши“ - Романија во 2008 година. Авторката досега има изработено над 3000 дела во оваа техника на повеќе теми коишто се презентирани на повеќе изложби, телевизиски емисии и промоции во државата и странство. Во моментот Ванѓа Радевска работи како универзитетски професор на ПВУ МСИ “Г.Р. Державин“ во Свети Николе.
Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 30 април.