Изложба на слики на Павлина Спасова
12.06.2013 09:01
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер ќе биде отворена изложба на слики на ликовниот уметник Павлина Спасова.
Павлина Спасова дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек сликар со конзервација и реставрација во класата 2008/2012 година. Младата сликарка од Свети Николе изложувала во повеќе градови во земјава.
Изложбата се отвара во 20 часот.