Извидниците ќе одат на обука во Катлановска Брезица
Обука на тема “Младинско зајакнување преку скаутското движење” ќе се оддржи од 31 јануари до 3 февруари во домот во Катлановска Брезица.
На настанот ќе учествуваат извидници од Извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово. Секој одред од земјава има право да испрати два члена на возраст од 18 до 24 години.
Темите ќе бидат обработувани на забавен интерактивен начин, а ќе се потенцира дека извидништвото е едно од најмасовните движења во светот. Дел од темите кои ќе бидат дискутирани се: методите на младинско зајакнување и остварување на конструктивна улога во општеството, донесување на одлуки на ниво на патрола, одред и сојуз, препораките од документите на Советот на Европа кои ја покриваат оваа сфера, методи со кои извидничките лидери ќе можат да влијаат на младинското зајакнување во нивната секојдневна работа.