Извршена дезинфекција и дератизација во училиштата
Извршена е дезинфекција и дератизација во поголем дел од училиштата во градот, а утре истото ќе се реализира уште во три основни школи.
Центарот за јавно здравје два пати годишно за време на летниот и зимскиот распуст врши дезинфекција и дератизација во училиштата.
Работиме со 2 екипи кои имаат многу работа бидејќи ги покриваат Куманово, Липково, Старо Нагоричане, исто така и Кратово и Крива Паланка. Целта е да се спречи појава на заразни болести. Дезинфекција треба да има почесто, но не може да се прави постојано бидејќи учениците учат во две смени. Не дека е штетно, туку најпрактично е тоа да се прави на распуст - велат од Центарот за јавно здравје.
Законот за заштита на населението од заразни болести наложува во текот на распустот во сите основни и средни училишта да се спроведува дезинфекција, дезинсекција и дератизација.