Мени

Ја грабнал девојката па ја однел во подрум

14.03.2013 11:38 | KumanovoNews

 А.Р.(20) и Б.Р.(23), двајцата од Куманово, во октомври мината година ја грабнале Д.М.(18), а по неколку часа ја ослободилe.

Ја грабнал девојката па ја однел во подрум

Грабнувањето се случило на ул. „Трета МУБ“, кога пријавените ја пресретнале девојката со која А.Р. бил во љубовна врска. Тој насилно ја внел во возилото и заедно со Б.Р. се упатиле кон м.в. „Бараки“, а потоа ја однеле во подрумска просторија од зграда на нивен роднина. Таму ја задржале кратко време, по што ја оставиле од каде што ја земале.СВР Куманово поднесе кривична пријава против двајцата за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.