Мени

Јагула во Кумановка

06.12.2010 16:51 | KumanovoNews

Јагула долга 1 метар, а тешка 2 килограми денеска била уловена во реката Кумановка.

Јагула во Кумановка

Рибата била најдена во пречистителната станица во селото Доброшане, заглавена во решетката на станицата. Вработениот кој ја пронашол рибата бил изненаден што во реката има толку големо парче риба. Риболовците во Куманово се чудат што во нашите речни води може да се најде ваква риба, но велат дека тоа е доказ дека водите во куманоските реки стануваат се почисти.