Јанкуловска на Tабановце
23.06.2011 09:22
| KumanovoNews
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со претставниците на Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, денеска во 14 часот на Граничниот премин “Табановце“ ќе го промовира новиот пропаганден материјал.
Матерјалот е наменет за странските туристи кои доаѓаат или транзитираат низ Република Македонија, а содржат корисни информации од околу сообраќајната и друга легислатива. Летоците се испечатени на осум странски јазици и ќе бидат дистрибуирани на сите гранични премини.
Министерката Јанкулоска ќе ја искористи приликата и за информирање околу актуелната состојба на граничниот премин, како и околу подготовките кои се прават во пресрет на новата туристичка сезона, односно зголемената фрекфенција на патници.