Мени

Јавна дискусија за основање на Национален младински совет

05.03.2013 11:22 | KumanovoNews

 Утре ќе се одржи јавна дискусија за основање на Национален младински совет во Куманово.

Јавна дискусија за основање на Национален младински совет

Пред претставниците од невладините организации, државни институции,  медиумите, конзулатите, амбасадите, иницијативниот одбор за основање на Национален младински совет ќе го презентира она што досега е сработено со цел да се поттикне дискусија.

 Иницијативниот одбор за формирање на Национален младински совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот одбор беше формиран на деновите на младинско вмрежување, кои се оддржаа во Дојран од 25 до 28 октомври лани. Учество земаа 39 младински организации кои ја поставија основната предлог структура за формирање на Национален младински совет. Инцијативниот одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото собрание - изјави Матеј Маневски, од Иницијативниот одбор.

Настанот почнува во 12 часот во кружната сала во Комитет.