Јосиф Лешочки е новиот кумановско - осоговски митрополит
18.09.2013 07:53
| KumanovoNews
На вчерашната седница на Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија е донесена одлука Јосиф Лешочки да биде новиот кумановско - осоговски митрополит.
Кумановско - осоговската православна епархија ќе биде со седиште во Куманово. На 10 ноември во црквата Свети Никола ќе биде интронизацијата на новиот митрополит.
По смртта на митрополитот Кирил беше одлучено Полошко - кумановската епархија да биде поделена на Кумановско - осоговска и Тетовско - гостиварска епархија. На чело на Тетовско - гостиварската епархија е назначен митрополит Јосиф Велички.