Мени

ЈП „Водовод„: Пукната цевка остави без вода три згради

23.06.2014 08:45 | KumanovoNews

На обвинувањата на група граѓани дека населбата „Гоце Делчев„ вчера цел ден останала без вода, одговор дадоа надлежните од ЈП „Водовод„.

ЈП „Водовод„: Пукната цевка остави без вода три згради

Во врска со писмото од група граѓани објавено на Вашиот портал би сакале да ве информираме за следново:

На ден 22.06.2014 година, во населбата „Гоце Делчев„ имавме дефект на водоводната мрежа во дел каде врз нашата инфраструктура е изграден бесправен објект (гаражи) и стручните лица од ЈП „Водовод„ не беа во можност да интервенираат без дозвола на сопствениците на изградените објекти. Без вода останаа три колективни стамбени згради, а не 10 000 луѓе како што тенденциозно се наведува во писмото објевено на Вашиот портал. Нашите служби се на лице место и во текот на денот ќе биде нормализирано водоснабдувањето на жителите на овие стамбени згради.

Оваа прилика ја користиме да им се извиниме на станарите за предизвиканите непријатности, но уште еднаш напоменуваме дека од ЈП „Водовод„ се преземени сите активности за решавање на проблемот.

Со почит,

ЈП „Водовод„