Кај кумановец најдени 72 грама марихуана
26.01.2013 12:33
| KumanovoNews
Деновиве при претрес во домот на кумановец се најдени марихуана, пиштол и куршум.
При претрес на куќата на М.П.(21) од Куманово, полицијата пред четири дена пронашла 72, 29 грама марихуана, стартен пиштол и куршум од голем калибар. На М.П. истражен судија му одреди мерка притвор од 30 дена.
Тој ќе одговара за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.