Како кумановци се снајдоа со дигитализацијата?
По стартот на дигитализацијата, кумановци се жалат дека имаат технички проблеми со приемот на тв сигналот.
Повеќето од нив кажуваат дека имаат прекин во програмата и побарале помош од операторотите каде ги купиле рисиверите.
Ние имаме кабловска и деновиве имаше некави пречки. Не знам дали е до времето бидејќи имаше грмотевици или за други проблеми. Не баравме помош од операторот, туку чекаме сами да го отстранат дефектот. Но не сум задоволна - вели Благица Петковска, граѓанин.
И останатите наши сограѓани се жалат дека имале проблеми со сигналот деновиве.
Често пати ми се појавува на екранот известување дека сигналот не е во ред. Тоа особено се случува во последните два - три дена. За изборот на канали немам забелешка, има доволно - рече Стојан Алексовски од Куманово.
Дел од граѓаните сметаат дека дигитализацијата е скапа работа за посиромашните слоеви на граѓани.
Имам пријатели кои живеат на село, невработени, скоро без примања и тие не набавиле рисивер. За нив е скапо. Инаку за мене е во ред, имам плазма телевизор, имам дигитален рисивер, чиста слика, преку 60 тв канали - изјави Трајче Поповски, граѓанин.
Проблемите поврзани со дигитализација граѓаните можат да ги пријават во Агенцијата за електронски комуникации на бесплатниот број 190.