Мени

Кампања против наркотрговија во Куманово

20.02.2014 09:58 | KumanovoNews

Царинска управа ќе спроведе кампања за борба против наркотрговија во средното училиште “Наце Буѓони“ од Куманово.

Кампања против наркотрговија во Куманово

Предавањето за штетноста на дрогата и за последиците од трговија со дрога ќе се оддржи во понеделник.

Како таргет група се опфатени младите бидејќи тие можат да бидат подведени. Ќе има презентација во три класа, а потоа 15 минути ќе бидат одвоени за покажување на опремата со која располага Царинска управа на Македонија како и царинско куче кое помага во откривање на наркотични супстаници. За кампањата имаме обучени тимови - велат од Царинска управа.

Истата кампања се спроведува со училишта во Скопје, Гевгелија, Битола и Штип.