Караванот за климатски промени гостува во Пчиња
04.06.2013 14:30
| KumanovoNews
Во село Пчиња утре во 17 часот ќе се оддржи предавање за климатски промени во земјава.
Преку овие посети жителите на руралните средини треба да се запознаваат со предизвиците кои ги носи глобалното затоплување и како заедницата да делува во такви состојби.
Обраќања ќе имаат амбасадорот на САД во Македонија Пол Д. Волерс, градоначаникот на Куманово Зоран Дамјановски и директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Петар Ѓоргиевски.
Земјоделците треба да се адаптираат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.