Казнети полицајци од СВР Куманово
Поради пропусти во работењето во СВР Куманово, 4 полицајци се казнети парично, 1 инспектор писмено е опоменат и за 1 инспектор е запрена постапка заради застареност на делото.
Како што соопштува МВР, на дежурниот полицаец М.Н., вработен во полициска станица Матејче, изречена му е парична казна, бидејќи бил затекнат како спие во друга просторија. П.С. полицаец за превенција казнет е парично затоа што учествувал во тепачка. Д.С. заработил парична казна, откако се вратил во станица порано од предвиденото време во наредбата за вршење на служба, и за тоа никого не известил. На Б.Б. полицаец за патрола и интервенција изречена му е мерка “парична казна“, не доставил решение од Одделение за прекршоци, со кое бил задолжен.
На вишата инспекторка за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Одделение за криминалистичка полиција, Е.М. изречена и е мерка – писмено предупредување, бидејќи без да го обезбеди оставила малолетно лице во канцеларија, кое ја искористило приликата и избегало.
Постапката поради засртареност е запрена против З.Ј. виш инспектор за превенција во Полициска станица од општа надлежност. Тој не се придржувал кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место.