Мени

“Киро Бурназ“ ќе соработува со училишта од Србија

24.01.2013 12:34 | KumanovoNews

  Учениците од земјоделското училиште “Киро Бурназ“ ќе соработуваат со земјоделските училишта од соседна Србија, со што се отвараат можности за размена на наставници и ученици.

“Киро Бурназ“ ќе соработува со училишта од Србија

 Ние имаме потпишано меморандум за соработка. Лани во декември имавме гости од Србија, директори на училишта, и јас бев во посета која траеше 4 дена кај нив. Ние сме многу слични, компатибилни по начинот на работа. Тие апсолутно се заинтересирани за соработка и ни се отвараат нови врати. Учениците кои ги праќаме на размени се им е платено, тие ништо не мора да плаќаат. Тоа на некој начин е награда за подобрите ученици по успех - вели директорот Горан Јовановиќ.

“Киро Бурназ“ ќе соработува со училиштата од Нови Сад, Белград, Сомбор, Пожаревац, Ваљево, Краљево, Чукарица и други градови.