“Киро Бурназ“ ќе соработува со училиште од Копар
21.05.2013 10:34
| KumanovoNews
Средното стручно општинско училиште “Киро Бурназ“, има ново училиште партнер од Копар, Словенија со кое ќе соработува културолошки и ќе реализира размена на ученици.
Предвидено е да имаме културна соработка и размена на ученици. Првата нивна група треба да ни дојде во посета по 10 јуни. Ќе соработуваме со ученици од козметичка и фризерска струка. Прво ќе воспоставиме културни контакти, а потоа на есен или во пролетта 2014 година наши ќе одат на пракса кај нив - изјави Горан Јовановиќ, директор на училиштето.
“Киро Бурназ“ има соработка со десетина училишта од Србија, неколку од Косово и од Словенија.