Мени

“Киро Бурназ“ на натпревар во Валандово

08.05.2014 07:40 | KumanovoNews

 Ученици од “Киро Бурназ“, утре и задутре ќе учествуваат на 44 - от по ред републички натпревар за земјоделски училишта што ќе се оддржи во Валандово.

“Киро Бурназ“ на натпревар во Валандово

Средношколците од сите четири години ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.

  - Ќе има натпревар  во вешто возење на трактор, аранжирање на цвеќе, калемење, препознавање на семиња и плевели, препознавање на коски од домашни животни, борба против неповолни еколошки фактори. Од секоја година има по двајца ученици кои ќе се натпреваруваат - рече Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

 На републичкиот натпревар ќе има екипи од 10 земјоделско - ветеринари училишта од Македонија.