Кланицата и две улици без вода
13.05.2013 08:15
| KumanovoNews
Утрово водоснабдувањето е прекинато на три локации во Куманово.
Без вода е Кланицата во селото Добрешане, како и улиците “Козара“ во центарот на градот и “Веселин Маслеша“ во населбата Перо Чичо. Во сите три случаи снабдувањето со вода е прекинато поради дефекти во водоводната мрежа.
Од ЈП“Водовод“ велат дека нивни вработени за неколку часа ќе ги отстранат дефектите и снабдувањето со вода ќе се нормализира.