Мени

Книги на ромски јазик за учениците од “11 Октомври“

24.02.2014 09:52 | KumanovoNews

Претставниците од невладината „Сонце си“ од Скопје донираа книги на ромски јазик на учениците од основото училиште “11 Октомври“.

Книги на ромски јазик за учениците од “11 Октомври“

Книгите содржат податоци за културата и традицијата на Ромит, а ќе помогнат учениците да го негуваат својот мајчин јазик.

Ќе поделиме книги на ученици од 4 до 8 одделение, иако за жал тие немаат факултативна настава за ромски јазик. Учебникот носи наслов “Само книгата ни е најдобриот другар“, и верувам дека тоа е убава порака за сите деца. Крајно време е да имаме поголем прогес во образованието на ромските деца- вели Севѓул Авдула од невладината “Сонце си“.

Директорката Мерилин Стојчевска се заблагодари за донираните книги и истакна дека училиштето е отворено за соработка.

Ние првпат воспоставуваме контакт и отворени сме за соработка. Се надеваме дека ќе соработуваме и во иднина и оваа литература многу ќе им користи на децата - рече Стојчевска.

Од “Сонце си“ најавија дека ќе донираат за училишта во сите градови во земјава каде се образуваат ромски деца. Книгите се испечатени со средства од Холандија.