Мени

Кога Куманово ќе добие шелтер центар?

05.12.2011 10:10 | KumanovoNews

 Жртвите на семејно насилство од Куманово и во иднина ќе се сместуваат во шелтер центрите во  Скопје, Свети Николе и околните градови, бидејќи нема изгледи таков центар наскоро да биде отворен во општината.

Кога Куманово ќе добие шелтер центар?

Невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика постојано ја истакнуваат потребата за отварање на ваква институција, која ќе ја заштити најранливата група на граѓани, кои немаат друг начин да си отргнат од канџите на злоставувачите.

Сите упатства и одобрувањето за отварање на центарот оди преку Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот и Советот на општината треба да одредат локација и простор за таква намена, а потоа со децентрализацијата треба да се одреди и начинот на нејзиното финансирање. Отварањето на шелтер центар е скапа работа- вели Виолета Петровска, претседателка на здруженито на жени „Кумановка„ и координатор на проектот против семејно насилство.

Во Куманово има голема потреба од отварање на ваков центар, бидејќи бројот на жртви на семејно насилство постојано се зголемува. Кај нас жртвите се исфрлаат од дома и остануваат незгрижени, додека во развиените земји насилниците се отстрануваат од куќата.

Градоначалникот на Кратово, кој е и член на локалниот советот на превенција од семејно насилство, понудил свои сретства и капацитет, како и сретства од донатори да се отвори шелтер центар во неговата Општина. Дали ќе се реализира проектот зависи од централните институции.