Мени

Кој е газда, мечки да го...

13.08.2011 14:21 | KumanovoNews

Кој е газда на хотел „Куманово“ бре луѓе, мечки да го газат! - прашува дедо застанат под сенка пред влезот од некогашниот репрезентативен угостителски објект, најлуксузен од Скопје до Врање, а бога ми и до Ниш. Така вели дедо Мите,  жално гледајќи во некогашниот убавец, а сега руина.

Кој е газда, мечки да го...

Незнам кој е газда, лаконски му возвраќам на старчето за кое знам дека сака да ме навлече и јас нешто да опцујам. Си има газда хотелот, не бери гајле - велам.?

Море каков газда бре какви кантарки! Да не пари броел за хотелот?  Разменувале само хартии, правеле дубари, преметале параграфи. Да броеле пари ваков ли ќе е хотелот - се жешти дедо Мите и удира со бастум по гнилата фасада од жалното здание на зградата што полека но сигурно се распаѓа. Само сведочи за едно време на секакви чуда па и на газди, за кои народот со право вели мечки да ги газат!