Мени

Кој го слави 2 февруари во Куманово?

02.02.2013 10:27 | KumanovoNews

 2 февруари кај нас е познат и како ден на хомосексуалците. Прва асоцијација на кумановци кога ќе прашате по што е познат 2.2., велат дека тој ден е посветен на мажите што сакаат мажи.

Кој го слави 2 февруари во Куманово?

Никаде не постоа точна статистика колку хомосексуалци има во Куманово, но се претпоставува дека секој десети граѓанин има сексуални склоности кон истиот пол. Некои ја кријат, а други ја демонстрираат јавно својата сексуална ориентација.

 Сум видела во град помлади мажи како се држат за рака. Ги оправдувам, што можеме ние, тоа си е нивно право. Кога ќе ги видам ми се необични и смешни. Сигурно има и жени, ама тие се кријат. Додека бевме помлади во друштво имавме другарка која признаваше дека сака жени и затоа не се омажи - вели Благородна Димитриевска од Куманово.

Психијатрите велат дека оваа група на граѓани трпи потсмев и притисок од семејството и општеството. За нив е многу тешко да си најдат партнер и многу често се нашле во незгодна ситуација кога се додворувале на погрешн човек.

 Се случува мажите да се приближиле на некој што не е хомосексуалец и заради тоа добиле ќотек. Тие луѓе се под стрес и депресивни, бидејќи не можат да најдат партнер. Дури им доаѓаат и суицидни мисли . Можат да отидат било каде, далеку во друг град за да најдат партнер. Треба време, се приближуваат полека, одоколу испитуваат. Околината ги исмева, не ги прифаќаат. Друштвото ги одбегнува. Моите пациенти-мажи велат дека се заљубуваат во нивниот партнер, дека чувствуваат пеперутки во стомакот, дека кога партнерот ќе им се приближи тоа за нив е нешто најубаво. Жените своите партнерки ги доживуваат како пријателки. Имаше едно момче, бил жртва на педофил како дете и сега го привлекуваат мажи, но сака тоа да биде некој на негова возраст за да нема проблеми. Овие години кај мене поминале десетина хомосексуалци од различни националности - вели психијатар од градот.

Таа објаснува дека младите имаат криза на идентитет при што не знаат дали повеќе ги привлекуваат мажи или жени. Зависно од карактерот на личноста по извесно време тие можат да се одлучат да бидат само со едниот пол.

Во 1990 година хомосексуалноста е тргната од листата на болести на Светската здравстеван организација.

 2 февруари нема врска со официјалниот светски ден на хомосексуалците.На 2 февруари 1950 година е основано друштвото Матачине, кое пропагирало дека луѓето кои го сакаат истиот пол се безопасни и корисни членови на друштвото, кои од нормалните луѓе се разликуваат по она што го работат во креветот.

 Денот на хомосексуалците е 27 јуни. На тој ден во 1969 година, луѓето кои си го љубат сопствениот пол се кренале на бунт против дискриминацијата и полициската бруталност кон нив. Групата од Њујорк се организирала во барот Стонвол да се крене на бунт и да се борат за своите права. Лезбејките и хомосексуалците во Америка постоеле и пред оваа борба.