Колачиња за Денот на европските јазици во „Браќа„
Со низа активности беше одбележан Денот на европските јазици во основното училиште “Браќа Миладиновци“.
Родителите направија колачиња, кои се продаваа по симболична цена, а учениците изведоа пригодна приредба. Собраните средства ќе бидат наменети за уредување на кабинетот по француски јазик.
Таква традиција на одбележување на празниците има во Франција. Кога имаат некаков повод прават колачиња. Ова ни е прва година вака да го одбележуваме Денот на европски јазици и се надеваме дека така и ќе продолжиме - изјави Елизабета Костадиновска Костиќ, помошник директор во ОУ“Браќа Миладиновци“.
Учениците се задоволни од манифестацијата и велат дека сакаат да изучуваат странски јазици.
Мама и тато ми помогнаа дома за подготовка на колачите. Ние сме задоволни и мило ни е што бевме дел од манифестацијата. Јас учам француски и англиски јазик - рече Ана Илиевска, ученик во 6 одделение.
Училиштето го посети и Анжелик Лери, аташе за француски јазик во Скопје.