Коледарите организираа крводарителска акција во чест на Тоше Проевски
Здружението на граѓани „Коледари„ од Куманово, по повод роденденот на Тоше Проевски, организираше крводарителска акција.
Коледарите денеска се потсетија на периодот пред 8 години, кога Тоше го посетил нивниот клубот и ветил дека ќе стане член во здружението, но прераната смрт го спречила.
Многу му се бендиса начинот на нашето дружење и спроведување на акциите. Тогаш се обидовме да му објасниме што работиме и тој ни вети дека ќе доаѓа ќе не посетува но прераната смрт го спечи во намерата изјави Горан Илиќ од Здружение ,, Коледари,,
Во книгата на впечатоци на Коледарите, тогаш Тоше запишал:„Имаме држава која има најголема историја од сите соседи само треба на вистински начин да ја покажуваме.Овој клуб во кој ја поминав оваа убава вечер е право олицетворение на тоа каква е нашата традиција и историја„.
Во хуманата акција се приклучија голем број грагани.
Ние секогаш даваме крв за роденденот на Тоше Проески. Крводарителството е хумана работа, да дадеш крв значи да спасиш нечиј живот вели крводарител од Куманово.
Вообичаено во крводарителската акција се собираат околу 100 единици крв наменети за потребите на Трансфузиологија.Коледарскиот клуб како и досега ќе продолжи со организирање на вакви и слични хумани дела.